Правда

Јавна расправа за законот за основно образование и законот за наставници и стручни соработници

Јавна расправа за законот за основно образование - Работник
414views

Законот за основно образование и законот за наставници и стручни соработници денеска беа тема на јавна расправа на која учествуваше Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, заедно со неговите соработници од министерството за образование, раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, како и претседателите на регионалните одбори на СОНК, како и наставници и директори од училиштата, на ниво на град Скопје.

Министерот за образование, Арбер Адеми ја отвори јавната расправа, читајќи ги промените во законите. Тој истакна дека ќе стори се што е во негова надлежност за да овој закон се усвои што е можно побрзо, но наведе дека важно е прво да се слушне мислењето на засегнатите страни. Потенцираше дека законите се составени после долги консутлации со Организацијата за соработка и развивање – ОЕЦД.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков истакна дека позитивна работа во законот е што нема одредби за заменски наставници, бидејќи со тоа тие можат да го остварат правото на штрајк и нема да може на нивното место да се постават заменски наставници.

Неделков истакна дека треба да се уреди и делот за платите, односно да се покачи процентот за зголемување на платите.

Адеми рече дека сите подетални забелешки да се достават до министерството за образование и наука, за да можат истите да се разгледаат.

Јавната расправа се одржа во Клубот на Пратеници.