ЕкономијаСветСветот на работникот

„Јагуар Ланд Ровер“ отпушта 1,100 работници за да ја преживее корона кризата

„Јагуар Ланд Ровер“ - Работник
100views

Најсилниот британски произведувач на автомобили Јагуар Ланд Ровер ќе мора да отпушти 1,100 работници за да ги преживее последиците од коронавирусот.

Оваа компанија ќе го намали бројот на работници ширум Велика Британија како дел од „програмата за трансформација“.

„Низ оваа континурирана програма на трансформација, Јагуар Ланд Ровер презема чекори за оптимизација на перформансите и постигнување на понатамошни оперативни ефикасности за да овозможи одржлив раст и да го зачува успехот на работењето на долгорочен план“, рекол портапролот на оваа компанија.

„Поради пандемијата на коронавирусот, компанијата донела тешка одлука за намалување на бројот на вработени во текот на наредните месеци“, соопштено е од компанијата.

Со намалување на работните места ќе се започне во производствените погони на Јагуар Ланд Ровер ширум Велика Британија и овој процес ќе трае од крајот на јули до крајот на годината.

Групата има работна сила во Велика Британија од околу 32,000 луѓе, а намалувањата проследиле по губењето на околу 5,000 функции најавени на крајот од минатата година, пренесува Скај њуз.

Претходните недели и други британски произведувачи, како Бентли и Астон Мартин, морале да го намалат бројот на вработени за да ги преживеат економските последици на пандемијата.