МакедонијаСиндикат

Јаневска: Младите во Македонија се најмногу изложени на сивата економија

Јаневска: Младите - Работник
347views

По повод Меѓународниот ден на младите кој се одбележува денеска (12 август), Порталот Работник се обрати до Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, со цел да го дознаеме нивниот став за сиуацијата на младите кои се невработени и вработени.

Раковидителот на административно – правниот сектор на КСС, Даниела Јаневска истакна дека Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) како синдикат кој во рамките на своите структури вклучува и младинска секција, забележува на големата стапка на невработеност на младите.

„Различни статистики покажуваат различни податоци, сепак реалноста е дека речиси 50% од младите се невработени, имајќи во предвид дека во Македонија има една од најголемите стапки на невработеност на младите во Европа“, вели Јаневска.

Таа наведе дека младите се категорија на вработени кои најчесто се изложени на работа во сивата економија, имаат несигурни работни места и имаат пониски примања од повозрасните категории на вработени.

Посочи дека младите се соочуваат и со проблемот со влегување на пазарот на трудот. Статистиките со кои ние располагаме најчесто покажуваат дека на младите им е потребно околу две години транзицијата од образование кон вработување.

А според неа миграцијата на младите е исто така исклучителен проблем, бидејќи најголем дел од младите сакаат да ја напуштат земјата.

Јаневска рече дека КСС како национален синдикат постојано се залага за подобрување на работничките правата на младите, како и подобрување на условите за влез на пазарот на трудот. Тие континуирано работат на идеите кои ги добиваат од нивните членови на секцијата на млади, и претставниците на синдикатот, за да ги преточат во закони и формално – правни документи како чинител во креирањето на политиките за младите.

„Минатата година бевме дел од кампањата 365 дена работнички права на социјалните мрежи и портали, со цел подигање на свеста на младите за своите работнички права и запознавање со своите права, секој ден, со по едно право од законите. 12 август се одбележува како меѓународен ден на младите со цел да се осврнеме на улогата на младите како партнери во промените и можноста за подигнување на свеста за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат младите во светот“, истакна Јаневска, додвајќи дека по тој повод КСС оваа недела ја води кампањата Пристојна плата за пристоен животпреку социјалните мрежи,  ја посветува на младите со цел повторно даб ги потсети на своите права од работен однос и за тоа која е улогата на синдикатите.

Според неа за да може една земја да има напредок потребно е младите да бидат вклучени во сите сфери, а како приоритет е и нивната вработеност и тоа не било каква вработеност туку пристојна работа со пристојна заработувачка, каде не се кршат работничките права. На младите, кои честопати имаат стереотипи кон синдикалното организирање, ќе им порачауваат да се информираат која е улогата на синдикатите и кои придобивки ги имаат доколку се синдикално организирани.

Таа ситакна дека на Владата им порачува да изнајдат системски решенија за усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на трудот, да се посвети поголемо внимание на анализа за потребите од образование и да се продуцираат кадри согласно потребите на пазарот. Тие ги поддржуваат и досегашните мерки, но сеуште треба да се работи со цел стапката од 50% невработеност на младите да започне да опаѓа.

Додаде дека на работодавачите им порачуваат да ги почитуваат правата од работен однос, да креираат работни места со пристојни плати, да овозможуваат кариерно унапредување, почитување на мерките за безбедност и здравје при работа за да можат младите да останат и да ја градат својата кариера во Македонија.