ЕкономијаСветСветот на работникот

Ја затвораат фабриката: „Шамар“ за 2,300 работници

Ја затвораат фабриката - Работник
235views

Германскиот произведувач на теретни возила и автобуси МАН одлучил во потполност да го затвори својот производствен погон во австрискиот Штајер. 

Поради оваа одлука се вознемирени вработените. 

Претседателот на Работничкиот совет Ерик Шварц пренел дека управата на МАН одлучила до крајот на 2023 година, да го затвори погонот во Штајер, што е, како што рекол, „шамар во лице“ за 2,300 вработени. 

Менаџментот на МАН има намера поголемиот дел од погоните да ги префрли во Полска и Турција. 

Затворањето на погонот во Шрајер е дел од огромениот пакет на штедење кој предвидува намалување на бројот на вработени за вкупно 9,500. 

Инаку, развојот и производството на теретни возила во Штајер има традиција подолга од 100 години. 

Погонот во Штајер е изграден во 1914 година, а во 1919 година започнало производството на камиони, за да во 1999 година погонот во Австрија го преземе комплетното производство на камиони од лесна и средна серија на МАН. 

Тоа се возила со две до три осовини, но и со погон на сите четири тркала. 

Покрај тоа, во Штајер се произведуваат и специјални возила, како и компоненти за други производи на компанијата.