- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Ја скратија работната недела, а платите ги оставија исти – Какви се резултатите?

Ја скратија работната недела - Работник
877views

Подготивил: Бобан Илијевски 

Иако пандемијата предизвикана од Ковид – 19 ги натера компаниите ширум светот да го преиспитаат начинот на работење, истражувачите во Исланд веќе спроведувале експеримент поврзан со скратената работна недела кои вклучиле околу 2,500 работници или повеќе од 1 % од работоспобното население во земјата. 

Откриле дека експериментот бил „преголем успех“ – работниците имале можност да работат помалку, да земаат исти плати, додека истовремено го одржувале нивото на продуктивност и благосостојбата. 

Експериментот во Исланд беше еден од неколкуте поголеми, формални студии во ова поле. Со цел да увиди како овој експеримент влијаел на нив, Блумберг интервјуирал четворица работници од Исланд кои биле дел од експериментот. Тие ги опишале предизвиците со кои се соочиле. Нагласиле дека компаниите во кои работат презеле конкретни чекори за да им помогнат да се прилагодат на скаратеното работно време, како формални обуки за менаџирање на времето, за да ги научат како да ја одржат продуктивноста работејќи на скратено работно време. Тука ќе пренесеме само две од интервјуата, за да не биде текстот премногу долг. 

Експериментот бил успешен затоа што и работниците и работодавачите биле флексибилни, имале волја да учествуваат во истиот и да направат промени кога нешто не функционирало. Во некои случаи, работодавачите биле принудени да додадат дополнителни часови на работното време, откако истите премногу ги скратиле. Исланд го спровел овој експеримент, делумно поради тоа што луѓето во оваа земја се жалеле од долгото работно време кое во просек изнесува 44,4 часа неделно, што е трета земја по бројот на работни часови според податоците на Евростат од 2018 година. 

Учесниците во студијата во Исланд ги намалиле нивните работни часови на три до четири часа неделно, без притоа да им се намали платата. Додека скратените работни часови наголемо се применуваат во јавниот сектор во Исланд, работниците и менаџерите употребувале едноставни техники за да ја одржат продуктивноста. Во прилог следуваат две од четирите интервјуа кои ги направи Блумберг. 

Арна Хорн Арадотир, Проект Менаџер на Сервисниот центар во Рејкевик, Исланд кој пружа социјални услуги на деца и семејства. 

Арна Хорн Арадотир, здравствен проект менаџер во приградијата на Рејкевик, била една од првите кои учествувала во експериментот за скратена работна недела. Таа била избрана во 2015 година. Како мајка на пет деца, Арадотир едвај се справувала да го балансира 8 – часовното работно време со чувањето на децата и домашните работи. На почетокот од експериментот, таа сакала да го скрати работното време за по еден час секој ден. Нејзиниот работодавач ја пријавил на обука за менаџирање на времето, каде научила како да направи пократки состаноци, да го намали времето за патување до местата каде што треба да има состаноци и поефективно да ја распореди нејзината работа. 

„Се чувствувам повеќе фокусирано сега“ рекла Арадотир. „Пред пандемијата, многу време поминував по состаноци на кои одев со автомобил, но сега можам да седам во својата канцеларија и да ги одржувам состаноците преку компјутер. Со ова добив четири часа повеќе во мојот работен ден“. 

Претходно работела на 40 работни часа неделно, а сега работи само 36 часа и тоа за истата плата која ја земала додека работела на 8 – часовно работно време. Таа сега работи од понеделник до четврток, по 6 часа и во петок по четири часа. Ова и послужило да има време да учи за својата магистерска теза, со што ќе се подобри нејзината позиција на пазарот на трудот. Кога нема предавање, вели таа, знае да планинари, како и има повеќе време за неа. 

„Бенифитите за нас се во тоа што имавме поквалитетен живот“, рече Арадотир. „Ми помогна да поминам повеќе време со моите деца и воедно да ми се намали стресот“. 

Солвиг Рејнисдотир, директорка на Сервисниот центар во Рејкевик. 

Солвиг Рејнисдотир, шефицата на Арадотир, рекла дека учеството на Сервисниот центар било одговор на годишната анекета на вработени кои откриле дека се соочуваат со големи напори на нивните работни места. Центарот експериментирал со бројот на часови кои би го намалил во текот на една работна недела, и во еден момент бил принуден да врати неколку часа, бидејќи намалил премногу. 

„Прво работното време го намаливме на пет часа, потоа на три, а сега е четири часа неделно“, рекла Рејнисдотир. Некои делови од транзицијата не се движеле толку глатко, како што се очекувало. Вработените се двоумеле дали да се вратат од 35 часа работно време на 37, иако повторно работното време било помало отколку што работеле пред да учествуваат во експериментот. 

Сепак Рејнисдотир, на експериментот гледа повеќе позитивни, отколку негативни аспекти. Продуктивноста била зголемена, додека истовремено вработените биле повеќе задоволни, а имало и помалку случаи на вработени кои барале отсуство поради настинки. 

Како Арадотир и Рејнисдотир, рекла дека таа можела да ја одржи продуктивноста преку скратување на состаноците и преку преминуањето на онлајн состаноци, наместо лице во лице, како и дека заштедела на времето за патување. „Ковид не турна во таа насока“, објаснил Рејнисдотир. „Повеќе ги нема листите на чекање. Бројот на интервјуа за работа е ист како што беше претходно“. 

Скратената работна недела ги мотивирала вработените да работат повеќе, вели таа. Но како менаџер, Рејнисдотир имала поголеми потешкотии во однос на кратењето на нејзината работна недела, поради тоа што се случувало да има премногу работа. 

„Мојата работа стана полесна со скратената работна недела. Вработените се повеќе задоволни, што за мене како менаџер, е од големо значење“, рекла таа. 

Извор: NDTV/Bloomberg

Фото: Bloomberg