МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Јовановски: Во КПУ Затвор – Скопје не треба да се носат заразени лица, без да има изолирани оддели

Сите притвореници - Работник
952views

Имено, голем дел на европски невладини организации ја изразија неподготвеноста на затворите и притворите да примат заболени лица од корона вирус доколку се пројави таква потреба, поради немањето на посебни изолациски простори и според нив постои можност да се загрози здравјето на затворените или притворените лица.

Како претставник на вработените во затворите сметам дека воопшто не треба да се помисли да се носат лица заболени со корона вирусот во затворските-притоврските одделенија во КПУ Затвор – Скопје и во затворите воопшто, смета Претседателот на Синдикатот на Затворите при САДУ, Стојче Јовановски.

„Моментално како вработен во КПУ Затвор – Скопје можам да ви кажам дека се преземаат сите мерки кои се во насока на заштитата на осудените/ притворените лица, затворските полицајци и останатите вработени во Затворот“, вели Јовановски

Јовановски вели дека им биле дадени заштитни маски и ракавици и им било наредено да ги користат истите  и дека доколку не ги носат ќе бидат казнети, што според него е оправдана мерка. Тој посочи дека редовно (на 2 часа) се врши прскање за дезинфекција во затворот, подигнато е нивото на хигиена на највисоко ниво, се користат средства за дезинфекција на раце, подови, обувки, новодојдените притворени/осудени лица се изолират од останатите додека не се провери дека истите не се заразни па потоа се прераспределуваат по крилата и.т.н.

Но доколку треба да се донесат лица кои се веке заболени во затворите, негов став е дека нетреба да се носат заболени лица во условно кажано здрави средини како што се затворите, но доколку бидат донесени заболени лица тоа треба да се направи во посебни одделенија и простории каде што ќе нема сместени други лица.

Тој за порталот Работник вели дека затворите не се подготвени да се справуваат со заболени лица од корона вирусот и затворот како затвор преставува еден вид на карантин кој служи за веќе притворените и осудените лица .

„За да може да се сместат заболени лица, на пример во КПУ Затвор – Скопје, прво е потребно да се одредат посебни простории во посебни крила каде ќе се сместат овие лица, Во ниеден случај, тие не смеат да имаат контакт со веќе притворените/осудените лица, поради тоа што можат да им ја пренесат заразат. Како затворски полицаец сметам дека важно е пред се здравјето на притворените/осудените“, рече Јовановски додавајќи дека во ниеден случај не сака да шири дискирминација за заболените лица, туку дека мора да се зачува здравјето на притворените, поради што и нив ги засегаат декларациите за човекови права.

Јовановски истакна дека доколку се донесат заболени лица, на затворската полиција треба да се даде соодветна заштитна облека и соодветен број на медицински персонал, како и дообука на вработените кои ќе работат во тоа крило за ваков тип на работа.

Јовановски изрази надеж дека нема да се донесе таква одлука заболени да се носат во затоврите, но доколку се појави потреба за притворање на заразено лице, верува дека затворската управа ќе ги преземе сите соодветни мерки за да ги изолира од веќе притворените и осудените лица.

Бобан Илијевски