Правда

Јовановски: Законот за извршување на санкции треба да се редефинира целосно

764views

Синдкалната организација на КПУ Скопје – Скопје, при Синдикатот на администрација и државна управа (САДУ), приложила неколку забелешки од кои мал дел биле прифатени, додека поважните забелешки, не се зеле во предвид во законот за извршување на санкции, кој се изгласа на 27 март, оваа година во Собранието на Р. Македонија, во чие изготвување учествувале неколку од засегнатите страни.

Претседателот на синдикалната организација на Казнено поправната установа Затвор Скопје – Скопје, при гранковиот Синдикат на администрација и државна управа (САДУ), Стојче Јовановски вели дека законот се подготвувал подолго време, а во неговата изработка учествувале повеќе синдикати, но тие како САДУ не биле вклучени во консултации и покрај  укажувањата до Минисерството за правда.

„Поради игнорирање и невклучување на сите социјални партнери, ние како претставници на работниците направивме напори, законот да оди на јавна седница во Собрание, каде што ќе можеме ние како синдикат да ги кажеме нашите забелешки. Голем дел од тие забелешки ги кажавме усно, додека главните неколку забелешки ги пративме преку САДУ, писмено,“  рече Јовановски.

Тој вели дека во членот 81 има промена, односно синдикатотот барал членот да се избрише или да се  направи промена со тоа што ќе се предвиди под кои критериуми може работникот да се распореди едно ниво пониско. Од страна на Собранието, ова се усвоило и биле наведени неколку критериуми по кои може да се распореди работникот, едно ниво пониско во рамките на групата.

Јовановски наведе дека има и подобрувања во законот во однос на излегувањето на пензија, со 40 години вкупен стаж, без разлика на возраста. Според Јовановски до пред да се изгласа законот, услов за пензија биле 40 години работен стаж и 56 години старост. Сепак, според него проблемот се состои во тоа што нивните услови за пензија не ги усогласиле со условите на полицијата, како што има упаства од Уставен Суд, коишто преку колективен договор ги имаат усогласено условите за пензионирање и се бираат десетте најдобри години, каде што 80% од платата влегува во пенизијата.

Тој смета дека неговите колеги нема да сакаат да излезат на пензија со 40 години работен стаж, поради тоа што пензијата ќе им биде мала. Додека од аспект на образование, според Јовановски има подобрување со тоа што се додадени плус педесет поени на затворските работници што имаат завршено средно образование.

Според него освен овие неколку ситни подобрувања, не гледа ништо друго во законот, што би го подобрил статусот на вработените во затворот.

Во поглед на процентот за надоместок поради ризик од работата, тој рече дека претходно изнесувал  до 30 %, а сега е од 15 до 30 %. Според овој закон, сите вработени нема да имаат додаток на плата за посебни услови за работа и работа изложена на ризик. Јовановски вели дека синдикатот смета дека сите вработени треба да имаат додаток на плата поради ризик од работа, со тоа што проценотот би бил различен за вработените, кои имаат помал степен на ризик.

„Тој што е во затворска полиција ќе има стриктно 30 %. Непрецизирано е кои луѓе, коишто работат во затворите, спаѓаат под ризик, затоа што во член 49 ги мешаат поимите статус на работник и работно место. Во член 49 од законот пишува дека вработените во затворот имаат статус на, државна администрација, затворска полиција и технички персонал. Во наредниот член 50, пишува бенефицирани работници се, вработените, коишто работните места, опишани во член 49, имаат непосреден контакт. Мое мислење е дека сите, коишто влегуваат во затворот имаат контакт, што значи дека за секого треба да има барем мал процент на ризик. Еве на пример, сметководителите имаат контакт со затворениците, бидејќи им доставуваат плата, додава Јовановски.

Во законот не се споменати нововработените – приправници, од причина што има тренинг центар од 2008, но и ден денеска истиот не профункционира, како што треба, односно нововработените, пред да влезат директно во затвор, да поминат извесен период (8-9 недели обука), пред да влезат да работат во затворите, како што се случај до сега.

Според него, една од забелешките, кои биле прифатени се во областа на зголемувањето на критериумите за избор на директорот на управата и на затворот.

Според него има простор да се прави манипулација со законот и останува да се види како ќе го толкуваат  засегнатите органи. Тој додаде дека треба да се смени потполно се, со тоа што секој член треба да се редефинира, да се изработат правилници, со кои би се создале услови за работа и олеснување на лицата, кои издржуваат мерка притвор или казна затвор.