ПравдаСветот на работникот

Јовановски: се шират лажни дезинформации за тоа дека сме го оспорувале Законот за извршување на санкции

Јовановски: се шират лажни дезинформации за тоа дека сме го оспорувале донесувањето на Законот за извршување на санкции - Работник
958views

Претседателот на синдикатот на КПУ Затвор – Скопје кој е во склоп на Синдикатот за администрација и државна управа – САДУ,  Стојче Јованоски, за порталот Работник истакна дека се ширеле лажни дезинформации за тоа дека неговиот синдикат поднел жалби до Уставен суд во врска со новиот закон за Извршување на санкции кој треба да се изгласа.

Јовановски рече дека тие немале поднесено никакви приговори до Уставниот Суд, бидејќи не сакаат да им наштетат на никој начин на нивните колеги од другите затвори.

„Ние се залагаме за подобри работнички права и тоа го имаме истакнато многу пати. Очигледно со овие дезинформации некој се обидува да го наруши изгледот на најголемата синдикална организација во КПУ Затвор – Скопје.“

Вознемирен од лажните дезинформации, Јованоски рече дека тие никогаш направиле нешто што би ги опструирало социјалните партнери, бидејќи, како што нагласи, тие се стремат за унапредување на работничките права, социјален дијалог и достинствена работа за сите затворски работници.