- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Јовевски: Да си помогнеме взаемно на работните места!

Јовевски - Работник
132views
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО (специјално издание)
Тема: Да си помогнеме взаемно на работните места!
Во услови на ширење на зараза од Ковид 19 и економска рецесија (криза) никој нема право вработените да ги дискриминира, да ги доведува во дополнителен стрес, ниту пак некој некому да врши мобинг.
Сите вработени се еднакви по права и достоинство и ниту колегата, ниту работодавачот не смее да се поставува „надмено“, суетно и диктаторски во односите со вработените и колегите. Дополнителен стрес, покрај оној предизвикан од здравствената и економската криза не е потребен на работното место и никој, повторувам никој нема зошто да трпи неуротично или психотично однесување на колега или работодавач на работно место.
Ова важи и за работодавачите, односно, тие не се должни да трпат било какво несоодветно однесување од вработените.
Сите заедно сме во оваа приказна и сега како никогаш претходно потребно е работниците меѓусебе, но и со работодавачите да соработуваат и да се помагаат, а особено да се почитуваат!
Ако некое од поведенијата кои се забранети се случи, ПОТРЕБНО е да се извести работодавачот (ако ве малтретира колега) или трудовата инспекција, ако тоа е работодавачот. Работодавачот, пак има право да даде отказ на договорот за вработување, ако работниците го прекршуваат работниот ред и дисциплина.
Почитувајте се и чувајте се на работното место, бидејќи е дел од вашиот живот!
проф. д-р Лазар Јовевски
 

РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО (специјално издание)

Тема: Да си помогнеме взаемно на работните места!

Во услови…

Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Monday, March 29, 2021