ЕкономијаМакедонија

Јовевски: Неблагодарно да се очекува од понеделник, вторник да се ресетираат угостителство и туризмот

150views

Третиот сет мерки уште не е донесен, вториот сет мерки на Владата не е целосно имплементиран

-Бројките покажуваат нешто поинаку вие ги споменавте малите и средни препртијатија, микро претпријатија, 90 проценти од микро претпријатијата се погодени директно и не се знае колку од нив ќе преживеат на есен кога ќе се преброиме. Колку останале од тие претпријатија? Всушност околу 80 проценти од компаниите генерално во Македонија, од правните субјекти зборувам на сите нивоа се погодени од кризата. Од друга страна всушност се задолжуваме 1.7 милијарди евра од кои што 1.25 милијарди евра се задолжуваме од надворешни извори, а околу 500 милиони евра треба да се задолжиме за да го пополниме овој дефицит во буџетот кој што ќе треба да имплицира одредена санација на проблемите од домашни извори. 44 проценти од фирмите затворија во месец април и сега се обидуваат да рестартираат нешто во мај доколку можат, но гледаме дека бројот расте и денес на новозаразени и навистина е неблагодарно да се очекува од понеделник вторник дека ќе има некое рестартирање, повторно во секторот на угостителство и туризам.

Фејсбук статус на проф д-р Лазар Јовевски