ЕкономијаМакедонија

Југоисточниот регион со најголемо учество во бруто-додадена вредност во земјоделството

Југоисточниот регион со најголемо учество - Работник
171views

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година, во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделството, најголемо учество има Југоисточниот Регион со 31.2 %, потоа Пелагонискиот со 22.1 %, додека најмало учество има Североисточниот Регион со 3.4 %.

Во создавањето на вредноста на растителното производство, најголемо учество има Југоисточниот Регион со 39.6 %, додека во создавањето на вредноста на добиточното производство, најголемо учество има Пелагонискиот Регион со 19.9 %.