ПравдаСветот на работникот

Јужна Африка: Масовниот протест на возачите на автобуси го блокираше сообраќајот

Јужна Африка - Работник
172views

Јоханесбург –  Од градот Тшване денеска истакна дека успеале да ги вратат општинските автобуси кои биле земени од возачите без дозвола како дел од протестот, оваа недела.

Штрајкот кој започна во понеделникот, беше поттикнат од барањата за зголемување на платите за 18 % од страна на работниците – членови на Јужноафриканскиот општински синдикат (САМВУ).

Тие блокираа неколку патишта во централна Преторија со автобуси и камиони. Од градот рекоа дека штрајкот бил нелегален и била издадена судска наредба за тој да се прекине.

Според соопштението од градот, најмалку 40 автобуси биле вратени на автобуската станица во Тшаване пред полноќ.

„Со помош на полицијата од Јоханесбург успеавме да ги вратиме автобусите на автобуската станица“, рече директорката за патишта и транспорт, Шила Сенкубге.

„Тие се во државна сопственост и никогаш не требаше да се извадат од автобуската станица без дозвола. Полицијата покрена истрага поради тоа што тие беа земени без согласност“, додаде таа.

Од градот истакнаа дека сакаат тие коишто учествувале во земањето на автобусите да се соочат со обвиненија.

„Како одговор, градот одлучи да поднесе обвиненија против учесниците во штрајкот“, рече портпаролот на градоначалникот, Омоголо Таунјане.

Преговори за плати

Во исто време, преговорите со синдикатите за зголемување на платите се очекуваше да се продолжат денеска во Националниот преговарачки Совет.

„Ние сме сигурни дека ќе пронајдеме заедничко решение со синдикатите. Тоа ќе биде од интерес на Градот, вработените и граѓаните кои станаа најголеми жртви на илегалните протести. Повикуваме на сталоженост и воздржување, како и сите страни да остават простор за да се продолжат преговорите“, рече Сенкубге.

Градот истакна дека автобуските линии ќе бидат суспендирани додека не се пронајде решение.