ПравдаСиндикат

Јуридика: Дигитализацијата на работните места

Јуридика: Дигитализацијата - Работник
176views

Дигитализација на работните места

На 15.01. и 16.01.2020 година, во Белград, се оддржа обука на тема DIGITS – прилагодување на националните и транснационалните вработени, и нивната вклученост во дигиталните промени во Европа во финансискиот сектор. Присутен и предавач на целата дводневна обука беше претседателот на Јуридика, проф. д-р. Лазар Јовевски. На обуката присутни беа вработени од цела Европа и балканот кои работат најмногу во финансискиот сектор, како и во други сектори но се длабоко засегнати од дигитализацијата која навлегува во секоја пора во општеството, па и во работните односи. Проф. д-р. Лазар Јовевски, на присутните им ја доближи темата на дигитализација, и ги запозна со истата, како и со сите можни предизвици, како и начини како да се прилагодат и да ги научат новите начини на функционирање и на евентуална промена на течението на работните задачи. Се зборуваше за единствениот пазар на Европа, за улогата на синдикатите во процесот, правата и обврските како на вработените така и на работодавачите, предностите и слабостите на дигитализацијата од страна на вработените, компанијата и работодавачите, и други слични теми за кои беа заинтересирани присутните. Од круцијална вредност е да се посвети внимание токму на дигитализацијата затоа што таа навлегува во секојдневниот живот, а работниот однос е поголем дел од животот на вработените и е важен елемент за опстанок и егзистенција. Вработените не смеат да бидат изоставени да се снаоѓаат и да се грижат сами за течението на нивниот работен процес со доаѓањето на целосна дигитализација, тие мора да бидат подготвени за тоа, како од самите работодавачи, така и од експерти од ова поле, објавија од Асоцијацијата за еконмско – правни истражувања и едукација „ Јуридика“ на нивната фејсбук страна.