Јуридика учествуваше на средба за “Националната стратегија за развој на екосистем за социјални претпријатија”
Фејсбук статус на Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“:
Дел од тимот на Асоцијација за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, беа присутни на работна средба на која што беше презентирана првата драфт верзија од “Националната стратегија за развој на екосистем за социјални претпријатија”. Проф. Д-р. Лазар Јовевски уште на самиот почеток на изготвување на оваа Национална стратегија беше избран како експерт за изготвување, и давање на мислење и удел во целиот работен процес, од страна на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.
Овој процес на креирање на стратегијата е координиран од Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој “Паблик”, и на работната средба беше презентиран процесот на изработка на стратегијата, и предизвиците со кои биле соочени низ изработкатана истата. Стратегијата е поддржана од страна на УНДП со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). На работната средба сите засегнати и заинтересирани страни дадоа инпут кон понатамошни активности околу стратегијата, како и преку работата во групи, каде што се детектираа новите предизвици и евентуалните решенија.
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024