Наука

Љубителите на верверичките ќе се воодушеват: Погледнете колку човечки особини имаат

Љубителите на верверичките - Работник
434views

Научниците откриле дека верверичките, токму како и луѓето, можат да бидат левораки и деснораки, пишува The Sun.

Имено, верверичките кои во текот на експериментот покажале дека ја фаворизираат едната шепа, не биле така добри во учењето на нови работи како нивните „другари“ кои ги користеле двете шепи.

Истражувачите проучувале 30 диви видови на сиви верверички, од кои 12 биле доволни за добивање на потребните податоци.

Научниот тим од Универзитетот во Екстер ги набљудувал верверичките како ги вадат лешниците од одредени цевки и притоа бележеле која шепа ја користеле.

Додека едните ги користеле двете шепи, другите видно фаворизирале една шепа.

„Откривме дека верверичките кои имаат тенденција да ги користат само левата или десната шепа отколку двете не се толку добри во извршување на задачите како оние кои ги користат двете шепи подеднакво. Тие, исто така не учат толку брзо“, вели авторот на студијата, д-р Лиза Ливер.

Таа додава и дека овие резулатати во согласност со претходните истражувања на цицачите, покажале дека верверичките кои строго ја фаворизираат едната страна имаат „послаби когнитивни способности“. Сепак, за да се утврди ова со сигурност, потребни се уште истражувања.