ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Ќе биде ли недела неработен ден за трговските работници?

Ќе биде ли недела неработен ден - Работник
338views

За забраната за работење во недела во Србија без успех со месеци се расправало. Меѓутоа, вонредната состојба повторно ја вратила на дневниот ред на српските работодавачи.

За одреден број на работодавачи, полицискиот час и забраната за движење преку викенд биле сосема доволен показател за тоа дека граѓаните можат да се снабдуваат дури и ако продавниците не работат повеќе денови. Иницијативата за забрана на работата во недела изгледа дека наидува на позитивни реакции од страна на работодавачите и работниците.

Претседателот на Самостојниот синдикат за трговија, Радослав Топаловиќ рекол дека ја поздравува иницијативата за воведување на неработна недела, особено доколку доаѓа од работодавачите.

Тој смета дека мора да се смени Законот за работни односи и Законот за трговија и работно време на вработените во трговијата. „Според сегашниот закон, сите продавници можат да работат од 00-24 365 дена во годината“, рекол.

Коментирајќи ги наводите дека неработната недела во продавнциите ќе доведе до повеќе откази и помал профит рекол дека тоа „не е точно“.

„Не е точно, бидејќи луѓето ќе се снабдуваат во сабота, за потребите во недела. Сега (за време на вонредната состојба) работеа по три дена, па луѓето успеаја да се снабдуваат. Не стои аргументот дека би се намалил профитот, а ниту бројот на вработени. Ние сме на ставот дека во трговијата треба да се забрани работа во недела и државни празници“, рекол тој.

Навел дека природата на дејноста во некои области бара работа во недела, како што се војската, полицијата, пожарникарите, а во трговијата има примери во Европа каде продавниците не работат во недела.

Навел дека тие веќе три години ја поднесуваат оваа иницијатива и дека се обратиле до сите надлежни органи и упорно со нив преговараат. Меѓутоа, како што додал, сега во предизборната кампања за тоа не е време, па ќе застанат со ова додека не се формира нова влада, бидејќи не знаат кој е соговорник на оваа тема.

Додал дека потоа ќе упатат ново барање.

Директорката на маркетинг секторот во Универ експорт, Оливера Чирковиќ рекла дека оваа компанија ја поддржува иницијативата за работа во недела.

„Корона вирусот и вонредната состојба докажале дека е изводливо да не се работи во недела. Според мене тоа е голема предност и за работниците и за работодавачите со задоволни работници. Ние отсекогаш сме биле компанија која би ја поддржала оваа иницијатива“, рекла Чирковиќ.

Од Унијата на работодавачи во Црна Гора повторно побарале да се укине неработната недела, овој пат поради последиците кои корона вирусот ги нанел врз трговците.

Со одлука на црногорската влада продавниците во оваа држава од октомври 2019 година повеќе не работат но неделите.

Министерката за економија, Драгица Секулиќ за РТЦГ рекла дека нејзниото Министерство континуирано ги следи ефектите од воведување на неработна недела, како на вработените, така и на трговиците, вклучувајќи ги и последиците кои корона вирусот ги нанел врз трговците.

Таа порачала дека доколку укинувањето на неработната недела се покаже како оправдано, ќе се пристапи кон измена на законот. Додала дека ја следат ситуацијата, но дека не сакаат да делуваат избрзано.