Ќе биде се потешко да се најде работа во медиуми: Дали е ова „аларм“ за промена на работата?

Поради забавувањето на рекламирањето, економските грижи и напори за преоѓање на стриминг, многу големи медиумски компании биле доведени во „режим на намалување на трошоците и давање на откази“.

Новинските организации, ТВ мрежите, филмиските и телеввизиските студија и гигнати од индустријата на забавата отпуштиле стотици работници само во текот на изминатата недела, вклучувајќи ги CNN и Paramount Global.

На традиционалните компании од светот на забавата и информациите ерозијата на гледачи и претплатници сега им ги отежнува финансиските резултати, додека компаниите кои доста вложувале во стриминг во изминатите неколку години, се соочуваат со загуби.

На тоа додајте го и стравот од рецесија и ограничување на трошењето на огласи и добивате ваков резултат: индустријата која успеала да преживее и во некои случаи да напредува додека публиката расте во текот на пандемијата – сега се повлекува.

Walt Disney Co., Warner Bros. Discovery и Paramount Global вкупно изгубиле 2,5 милијарди долари на стриминг само во последниот квартал и сега се обидуваат да ги зауздат трошоците.

Telegraf Biznis.rs потсетува дека Дизни го „вратил“ Боб Ајгер на чело на за да ја опорави компанијата, сепак, нормата за замрзнување на вработувањето останува на сила и понатаму.

Според WSJ. AMC Networks Inc. во вторникот соопштил дека ќе намали 20 % од својата работна сила во САД, наведувајќи дека во овој момент е невозможно неговите апликации за стриминг да ја надоместат загубата.

Она што моментално не најголем проблем на CNN е слабиот рејтинг, загриженоста за огласување и предизвиците во неговата матична компанија – Warner Bros. Discovery.

mediji, novinarstvo

Фото: shutterstock.com

Во дописот до вработените, претседателот на CNN Крис Лихт, рекол дека „сестринскиот“ канал HLN ќе престане со емитување на програмата во живо, за да ги намали трошоците.

Gannett Co., издавач на голем број весници, вклучувајќи ја и USA Today, во четвртокот започнал да отпушта повеќе од 200 луѓе, покрај веќе укинатите 400 работни места претходно оваа година.

Washington Post во средата соопштил дека ќе престане да го издава своето неделно печатено издание, што резултирало со губење на 10 работни места.

Министерството за труд на САД во петокот соопштило дека американскиот пазар на труд и понатаму е „историски најстеснет“.

Меѓутоа, вработеноста во ИТ секторот растела побрзо од останатите сектори, при што работните места пораснале за 5 % од јануари до ноември, што е отприлика двојно побрзо од вкупната вработеност во истиот период.

Извор: Telegraf Biznis.rs