ЕкономијаМакедонија

Ќе го олеснат ли банките пристапот до парите за компаниите

Ќе го олеснат ли банките пристапот до парите за компаниите - Работник
212views

Олеснување на кредитните услови од банките може да очекуваат компаниите во следниов период. Според анкетата за кредитна активност на Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ), направена меѓу 14 банки за нивната кредитна политика, може да се очекува олеснување на кредитните услови, а со самото тоа и зголемување на побарувачката на корпоративни кредити. Во своите одговори банките укажале дека во второто тримесечје на 2019 година се забележува нето-олеснување на условите за одобрување корпоративни кредити.

– За наредниот квартал од годинава банките очекуваат нето-олеснување на вкупните услови за одобрување корпоративни кредити, но поумерено, во споредба со очекувањата дадени во претходната анкета – е наведено во анкетата на НБРСМ, и додаваат дека најголемо олеснување во вториот квартал се забележува кај каматната стапка. Во однос на другите услови, банките укажуваат на мало нето-заострување кај барањата за обезбедување, а влијанието на големината на заемот и достасувањето на заемот е оценето како неутрално, пишува Нова Македонија.

Целиосниот текст можете да го прочитате тука