ЕкономијаМакедонија

Ќе доцни ли субвенционирање на зголемувањето на платите?

Ќе доцни ли започнувањето - Работник
254views

Доцни Законот за субвенционирање на придонесите за сите газди кои ќе ги зголемат платите на работниците до 100 евра.

Иако најавено дека ќе стартува од 1ви ноември, сепак законот се уште го нема поминато собранискиот филтер. На пленарна седница, ќе се гласа дури на 5ти ноември.

Па оттука се отвора прашањето, дали законот ќе може да важи за платите кои газдите ги покачиле овој месец, или сепак ќе важи за следниот ?!

„Очигледно на политичарите не им е толку битно економијата, туку битни им се други работи. Законот ако го читате, вика ќе се применува од ноември, или за плата октомври,  октомвриска плата се исплаќа од 1ви до 10ти. Ако се закасни во собрание, тогаш сакале или нејќеле ќе мора да е од ноевмриска плата или од први декември“, вели Ангел Димитриов, претседател на Организација на работодавачи, објави Канал 5.

Целосниот текст прочитајте го тука