ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Ќе задоцни ли помошта наменета за зачувување на работните места?

Ќе задоцни ли помошта- Работник
189views

Помина месец октомври, а Собранието сеуште го нема изгласано Предлог законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од економските последици од пандемијата предизвикана од Ковид – 19, со кој треба да им се исплати финансиска помош за плати за месеците октомври, ноември и декември. Голем дел од работниците стравуваат дека ќе останат без плати, но власта е на ставот дека се ќе се одвива како што треба. 

Од Управата за јавни приходи велат дека ќе се пролонигра рокот за поднесување на барањето за субвенција. Се апелира да се исплатуваат платите, а државата ќе ги исплати субвенциите

Владата ги усвои измените на 22 октомври и и ги испрати во Собрание. Сепак аму не е поминат ниту ребалансот на буџетот со кој треба да се обезбедат парите за субвенционирање на платите, а не се поминати ни законските измени.

Според измените работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до 21.776 денари по вработен, до 7 во месецот за претходниот месец, а корисници можат да бидат фирмите кои имаат најмалку 30 отсто пад на приходи во референтниот период од април до октомври 2020 година, споредено со истиот период минатата година. Сега рокот за аплицирање можеби ќе биде пролонгиран.

Министерството за финансии дава детали за мерката со која очекува да се инјектираат во државата 70 милиони евра.

„Со новиот предлог-закон мерката е уште потаргетирана, односно на фирмите потешко погодени од кризата, предвидено е да им се исплаќа повисока финансиска поддршка. Имено, кај фирмите кои имаат намален приход од 30 отсто до 40 отсто, ќе добијат финансиска поддршка до 14.500 денари по вработен; за намален приход од 40,01 проценти до 50 отсто предвидени се до 15.955 денари по вработен; за намален приход од 50,01 отсто до 60 проценти до 17.410 денари по вработен; за намален приход од 60,01 проценти до 70 проценти, до 18.865 денари по вработен; за намален приход од 70,01 проценти до 80 отсто, до 20.320 денари по вработен и за намален приход од над 80 отсто износот на финансиска поддршката за исплата на плати ќе изнесува до 21.776 денари по вработен. Во однос на подоброто таргетирање – со предлог законот е утврдено дека не се опфатени фирми кои оствариле поголем профит од 10 милиони евра кумулативно во последните три години, соопштија од Министерството за финансии.