ЕкономијаМакедонија

Ќе има ли зголемување на минималните плати покрај најавата за субвенционирање на платите

Ќе има ли зголемување на минималните плати - Работник
272views

Во јавноста деновиве повторно се актуелизира прашањето за зголемување на минималната плата, откако министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека минималецот ќе порасне на 15.500 денари. Од Владата потврдија дека покачувањето на минималната плата е планирано, но оти се уште не се знае колкава ќе биде висината. Покрај најавеното зголемувањето на минималната плата, се отвора можност за покачување и на останатите плати и со најавената владина мерка за субвенционирање на придонесите доколку работодавачите им ги зголемат платите на вработените во износ до 6.000 денари.

Претставниците на стопанството стравуваат од можноста оваа мерка да не се претвори во оправдување за паралелно да се зголеми минималната плата. Порастот на минималецот, велат, треба да е природен процес, а не наложено решение и да е резултат на продуктивноста на стопанството. Бајпрво треба да се види ефектот од субвенционирањето на придонесите, а потоа да се разговара за минималната плата. Синдикатот пак, смета дека зголемување на минималната плата треба да има и оти тоа треба да биде во висина од најмалку 12 отсто од износот на сегашната или околу 1.000 денари. Во моментов износот на минималната плата е 12.507 денари, објави 24 вести.

Повеќе прочитајте тука