- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Ќе има ли можност за предвремено пензионирање во новата година?

732views

Многумина се надеваа дека ќе можат порано да заминат во пензија во новата година но засега ова останува само предизборно ветување. Законските измени кои ќе овозможат предвремено пензионирање на 59 години за мажи, и 57 години за жени со докуп на стаж треба да се реализираат до крајот на 4 годишниот мандат велат од ресорното министертво.

– Министерството за труд и социјална политика Ве известува дека се уште не е започната постапка за донесување на ново законско решение  со кое би биле уредени овие прашања.

По започнување на постапката, како и по неговото донесување јавноста ќе биде информирана за преземените активности и донесените законски решенија.

Од ПИОМ велат дека како институција се подготвени доколку има наплив на нови пензионери. И тие чекаат Министерството за труд да го подготви предлог законот.

– Фондот е во добра и стабилна финансиска состојба и реализацијата на приходи и покрај кризата се спроведува согласнио планираната динамика, вели в.д директорката на ПИОМ Билјана Јовановска.

Јовановска потсетува дека моментално граѓаните можат да докупат стаж за периодот во којшто биле во работен однос а работодавачот не им ги платил придонесите. Но само ако фирмата е ликвидирана или е во стечај. Во иднина се очекуваат и законски измени кои ќе овозможат стажот да се докупи иако фирмата сеуште е активна.

Досега во ПИОМ пристигнале барања од 400 граѓани за докуп на стаж и оставрување на правото на старосна пензија.

Извор: Сител