Економија

Ќе има ли ограничување на македонските работници во Германија

Ќе има ли ограничување - Работник
224views

Во 2016 и 2017 година, во рамките на ткн. Западнобалканско правило, над 44 илјади луѓе од земјите од регионот добиле работна виза во Германија. сега ќе се анализира дали правилото е корисно. ЦДУ е незадоволна.

Владејачката ЦДУ на германската канцеларка Ангела Меркел е незадоволна од ткн. Западнобалканско правило со кое на работниците од овој регион им се овозможи полесен пристап до пазарот на труд во Германија. Незадоволството се должи на големиот број нискоквалификувани и неквалификувани работници кои доаѓаат во земјата.

Правилото им овозможува на над 20 илјади работници годишно од земјите од Западниот Балкан да добијат полесен пристап во земјата и да работат каде сакаат. Олеснувањето беше воведено во 2015 година од тогашната министерка за труд и социјала Андреа Налес, на период од пет години, а имаше за цел да и се помогне на германската економија да ги пополни големиот број празни работни места, но и да им овозможи полесна процедура на работниците од шесте западнобалкански држави: Северна Македонија, Албанија, Косово, БиХ, Србија и Црна Гора, објави Дојче Веле.

Целосниот текст можете да го прочитате тука