ЕкономијаМакедонија

Ќе има нов бран на отпуштања, ако веднаш компаниите не добијат помош, вели Арсовска

Ќе има нов бран на отпуштања - Работник
194views
Во октомври ќе следува нов бран на отпуштња, доколку Владата не им помогне на компаниите сега и веднаш, истакна претседателката на Сојузот на стопански комори во дебатата на „Топ Тема“, во врска со евентуалното зголемување на бројот на работници кои ја изгубиле работата поради корона кризата, кои сега се проценува дека се над 30,000 работници.

Сојузот испорачал барања до Владата меѓу кои да се продолжи помошта од 14.500 за фирмите, фирмите да добијат грантови, но и по шест месеци од почетокот на пандемијата, да бидат подготвени протоколи за работа во сите сектори, со оглед на тоа дека дел од превозниците и угостителите немаат ниту протокол за работа.

Стопанственикот Горан Рафајловски вели дека за стопанството треба да се дадат сериозна количина на пари, а не да се оди со популистички мерки како платежните картички за граѓаните кои ги оценува како мерки со краткотрајни ефекти. Вели дека власта треба да се насочи за помош, не кон 30 големи фирми, туку помош а 80.000 млади и средни претпријатија.