ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Ќе има санкции за компаниите кои не ги исплатиле парите на работниците, најави Царовска

Ќе има санкции за компаниите - Работник
60views

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска потврди дека ќе има санкции за компаниите коишто зеле државна помош, а истата не ја исплатиле на работниците.

Како што рече Царовска, во моментов се разгледуваат сите правни можности за да се преземат соодветни мерки.

„Платите итно треба итно да се исплатат на работниците, треба да се покаже одговорност од страна на компаниите. Направен е голем пропуст и секако санкционирање на компаниите ќе се случи. Во моментов, Генералниот секретаријат ги испитува сите правни можности, се покренуваат сите елементи кои се можни, истакна Царовска, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Витек“ во ТИРЗ Скопје 1.

Царовска потсети дека вчера Генералниот секретаријат на Владата писменио злезе со официјален став околу направениот пропуст на компаниите. На веб страницата на Владата беше објавен и списокот со компаниите на кои им е исплатена државна помош за минимална плата поради пандемијата со КОВИД-19, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени.