Занимливости

Ќе се изгради фабрика за медицински маски во Пекинг за шест дена

Ќе се изгради фабрика - Работник
408views

Кинеска градежна компанија има намера да гради нова фабрика за производство на медицински маски во Пекинг за 6 дена, јавија светските агенции.

Вработените во компанијата секојдневно ќе им ја мерат температурата на градежните работници за да проверат какви било симптоми на новиот коронавирус (Ковид-19). Новата фабрика се очекува да произведува 250.000 маски дневно.

Според најновите податоци, потврдени случаи со инфекција се 70 500, а бројот на загинати е 1 770.