ЕкономијаСветСветот на работникот

Ќе се изненадите: Погледнете кој град е втор во листата на најскапи градови за странски работници

Погледнете кој град - Работник
138views

Пронајдете го натрапникот на оваа листа на светски градови: Хонконг, Цирих, Сингапур… и Ашхабад?

Престолнината на Туркменистан можеби не би ви паднала на памет кога размислувате за дестинации за оние со длабок џеб, но Ашхабад е сега втор најскап град на светот за работници од странство, вели новата студија на Мерсер за трошоци на живот.

Качувањето на Ашхабад за пет места на овогодишната листа е најмногу поради моменталната економска криза, недостатокот на храна и последичната хиперинфлација.

И Хонконг искусил неволји во вид на политички немири, но повторно е на врвот на листата, делумно благодарение на тоа што ги има најскапите недвижнини на светот.

Во Њујорк најскапи се средствата за чистење

Податоците на Мерсер се од месец март, така да не ги одразуваат во потполност ефектите на кризата предизвикана од пандемијата на цените кои се земени во предвиди во рангирањето за 2020 година, но бидејќи цените на намирниците во САД се поскапени, како и во секоја друга држава, со сигурност може да се каже дека најскапите градови на светот станале уште поскапи.

На трошоците на живот на странците влијаат рази фактори, како девизниот курс, инфлација на цената на производите и услугите, како и сместувањето, наведува Мерсер во студијата чија содржина ја пренесува Си – Ен – Ен.

Целта на студјата е да им се помогне на владите и меѓународните компании да ги одредат платите на работниците во странство. Рангирањето на Мерсер на 209 глобални дестинации се базира на „кошница“ од 200 ставки кои влијаат на цената на животот за странците во некој град.

Оваа година се издвоиле трошоците поврзани со коронавирусот, а тука Њујорк станал најскап во категоријата средства за хигиена, особено сапуните и спрејовите за дезинфекција.

Лагос го престигнал Лондон

„Ковид 19 не потсети на тоа дека праќањето и задаржувањето на работници на меѓународни задачи е огромна одговорност и тешка задача“, вели Илија Бониќ, Претседател и шеф на стратегијата Мерсер.

Шест од десет топ градови оваа година се од Азија, Сингапур е на петто, потоа следува кинескиот Шангај кој е на седмо и Пекинг кој е на десетто место.

Швајцарија ја предводи Европа, со три градови во првите 10: Цирих на четврто и Берн и Женева на осмо и на девето место.

Лагос, во Нигерија кој се покажал како бизнис престолнина на Африка, се искачил на 18 место, оставајќи го Лондон зад себе на 19 место.

На другиот крај на листата, односно најевтини градови се престолнината на Тунис, Тунис (209 место), Виндхок во Намибија (208) и Ташкент во Узбикестан (207).

Намибија со својата модерна престолнина која има добри патишта и разумни цени за изнајмување на автомобили била еден од неодамнешните избори за патување на Си – Ен – Ен, кога е во прашање чистата природа.

Еве и комплетна листа од првите 10 градови:

1. Хонгконг (Кина)

2. Ашхабад (Туркмекистан)

3. Токио (Јапонија)

4. Цирих (Швајцарија)

5. Сингапур

6. Њујорк (САД)

7. Шангај (Кина)

8. Берн (Швајцарија)

9. Женева (Швајцарија)

10. Пекинг (Кина)