НовостиСветСветот на работникот

Ќе се спие по 30 минути на работа и ќе има посебна просторија за одмор на работниците: Јапонија воведува задолжителен одмор

Ќе се спие по 30 минути на работа - Работник
24views

Министерството за здравство и јапонските работодавци воведоа задолжителен одмор од 30 минути кој ќе се користи само за спиење на работа.

Поради се почестото согорување на работа и неизмерниот број на работни часови, се повеќе истражувања покажуваат дека Јапонците стануваат се понеефикасни и дека тоа компаниите ги чини 138 милијарди долари годишно. Како резултат на тоа, здружението на работодавачи во Јапонија донесе одлука да воведе половина час за спиење, но и просторија во која вработените ќе можат да се одморат половина час на ден.

Јапонската ИТ компанија „Некстбит“ веднаш го прифати овој тренд и постави две, како што велат оттаму, „стратешки спални соби“ за своите вработени. Собите се опремени со уреди за блокирање на бучава, кревети и софи, а мобилните телефони, таблети и лаптопи се забранети.

Според последното истражување спроведено во 28 земји во светот, Јапонците спијат најкратко, во просек само 6 часа и 35 минути. Тоа е дури еден час помалку од Финците, Канаѓаните, Белгијците и Французите.