ЕкономијаМакедонијаПравдаСветот на работникот

Ќе стават ли клуч кумановските чевларски компании?

Ќе стават ли клуч кумановските чевларски - Работник
123views

Коронавирусот во Италија ќе погоди и дел од македонското стопанство. Посебно на удар ќе биде чевларската индустрија, а не е исклучено и голем дел од кумановските компании да се затворат, вели претседателот на Здружението на текстилната и кожарската индустрија Ангел Димитров.

Според Димитров, веќе е затворен голем дел од северот на Италија каде се извезуваат македонски чевли, а алтернативен пазар за пласман засега нема.

-Наш најголем партнер во однос на призводството на облека е Германија и таму немаме проблеми, но во Италија, баш во делот каде сега се шири коронавирусот, имаме многу компании кои соработуваат со кожарската индустрија, рече Димитров денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

Извор: Лидер