ЗанимливостиНаука

Џокер: Која неконтролирана болест се крие зад смеењето на непријателот на Бетмен

Џокер: Која неконтролирана - Работник
107views

Предупредување: Текстот содржи спојлери

Една од главните карактеристики на непријателот на Бетмен е неговото смеење.

Нервозен, со уплашен поглед и трескавичен глас, Артур Флек се обидува да се собере пред да започнат работните денови во клубовите за комедија во Готам Сити.

Но, на Џокер, како што сака другите да го нарекуваат, зборовите не му доаѓаат лесно: кога се обидува да зборува од устата му избива остро и напорно смеење кое не може да го контролира.

Таа иста извештачена, возменирувачка насмевка го преплавува ликот во клучната сцена на филмот Џокер, кој се наоѓа на репертоарот ширум светот веќе месец дена.

Една вечер, на враќање кон својот дом со метро, маскиран во кловн, Флек е сведок на сцената во која тројца млади богаташи злоставуваат една жена. Тоа кај него предизвикува напад на смеење.

Конфликт

Претпоставувајќи дека Флек им се смее на нив, момците сурово го претепуваат. Тој реагира така што од џебот вади револвер и ги убива.

Во тој момент, публиката веќе знае дека Флек пати од неодредена ментална болест.

За да се носи со симптомите, зема седум различни лекови, води дневник и редовно посетува социјална работничка.

Но, дали навистина постои болест која предизвикува неконтролирани напади на смеење?

Во случајот на ликот кој во филмот го игра Хоакин Феникс, може да се работи за геластична епилепсија – наречена по грчкиот збор за смеење (gelastikos).

„Тоа е многу редок облик на напад кој претставува севкупно 0,2 отсто од сите типови на напади“, вели за BBC, Франциско Хавиер Лопез, координатор на групата за епилепсија на шпанското друштво на невролози.

„Тоа е смеење кое се јавува во непријатни ситуации. Пациентот не е среќен, но тој или таа не можат да се контролираат“, додава Лопез.

Најчестата причина за овој тип на епилепсија е малиот тумор на мозокот – хипоталмички хамартом.

Тој го погодува хипоталамусот, дел на мозокот задолжен за многу важни фунцкии, од регулирање на телесната температура, до управувањето со емоции.

Но, смеењето исто може да предизвика и тумор на челниот или темпоралниот лобус.

Често се случува пациентите во ваква состојба да имаат напади.

„Геластичните напади претставуваат додатен стрес, бидејќи ако некој има типичен напад и изгуби свест, ништо не се случува“, вели Лопез. „Меѓутоа, доколку сте свесни и почнете да се смеете во непогодни ситуации, тоа преставува големо патење“.

Ваквиот тип на епилепсија често се контролира со лекови, а во некои случаи докторите се одлучуваат и за операција.

Како што објаснил Лопез, овој проблем е почест кај постарите пациенти, отколку кај децата. Може да преставува и рани симптоми на деменција.

Насилство

Иако оваа болест не е честа, неврологот вели дека се сеќава на барем три вакви случаи во текот на својата кариера.

Се сеќава дека еден пациент работел како адвокат кој на секое судење морал да го предупреди судијата дека има специфично пореметување и дека најверојатно ќе има криза, бидејќи неговите напади ги предизвикувал стресот.

Што се однесува до насилството, како на филмот каде што станува неизоставен дел од животот на Артур Флек, Лопез тврди дека не е поврзано со болеста.

Остатокот од текстот можете да го прочитате тука