НовостиПравдаСветСветот на работникот

Анкета: Германците бараат да продолжат со работа од дома

   Време за читање 1 минута

Повеќе од две третини од Германците кои работеа од дома за време на пандемијата сакаат да го зачуваат правото за таа форма на работа, покажуваат резултати од денеска објавената анкета.

– Популарноста да се работи во сопствените четири sида се зголеми дополнително за време на пандемијата, нагласија од енергетската компанија Еон, врз основа на резултатите од студијата спроведена од Институтот ЈуГов (YouGov).

Седумдесет и еден процент од испитаниците изјавиле дека сакаат во иднина да работат од дома. На почетокот на пандемијата минатата година, само 58 проценти од анкетираните ја изразија таа желба. Но, само 26 проценти од испитаниците сакаат да работат постојано од дома, 45 проценти сакаат комбинирано да работат од дома и да одат во канцеларија во текот на работната недела.

Како најважна причина за работа од дома, испитаниците го наведуваат времето зачувано за патување до работа и позитивниот еколошки аспект.

Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која најверојатно ќе освои најмногу гласови на претстојните парламентарни избори, објави дека има намера законски да го регулира правото на работа од дома.