НовостиПравдаСветСветот на работникот

Внимавајте кога барате работа преку интернет: Девојка уплатила илјадници евра за работа зад која стоела измама

   Време за читање 1 минута

Полицијата во Пореч во Хрватска примила пријава од 19 годишна девојка која станала жртва на измама додека барала работа преку интернет.

Девојката преку интернет страна која нуди огласи за вработување стапила во контакт со наводен работодавач и со него договорила работа која предвидувала прекуцување на текстови.

Добила линк за понатамошна комуникација преку мобилна апликација и продолжила да комуницира со работодавачот кој од неа побарал уплата на пари поради трошоци и данок за да може да се подготви сета потребна документација за работа.

Оштетената во неколку трансакции по пат на апликација за плаќање уплатила повеќе илјади евра.

Кога непознатото лице од неа побарало дополнителна уплата, сфатила дека е измамена и настанот го пријавила во полиција.

Поради тоа, полициската управа предупредила да се внимава при барање на работа во странство, бидејќи зад огласот на наизглед лесната работа и добра заработка, често се кријат различни видови на измами и други облици на кривични дела, дури и трговија со луѓе