НовостиПравдаСвет

Германија го олеснува патот до државјанство

   Време за читање 1 минута

Германската влада постигнала договор за нов закон за државјанство кој го олеснува процесот на натурализација. Притоа, доделувањето на државјанствата во некои случаи ќе биде потполно исклучено.

Имено, пасош нема да можат да добијат оние кои извршиле казнени дела мотивирани од антисемитизам, расизам или слични злостроства од омраза.

Новиот предлог закон за државјанства бил изработен од Министерството за внатрешни работи во договор со Министерството за правда, дознава дпа.

Дополнителен предуслов за натурализација ќе биде лицето да може да заработува за себе и своето семејство, без плаќање на социјална помош.

„Кој и да стане германски државјанин, се обврзува на живот во нашето слободно и разнилико општество“, рекла министерката за внатрешни работи Ненси Фасер. Затоа натурализацијата, додала, не оди со расизмот, антисемитизмот или било кој друг облик на искажување на омраза кон другите.

„Нема никаква толеранција. Секој кој не ги дели нашите вредности не може да стане Германец… Сакаме луѓето кои станале дел од нашето општество да можат да учествуваат во неговото демократско обликување“, рекла таа.

Основата на новиот закон е скратувањето на минималниот рок за престој за добивање на германско државјанство од осум на пет години. Во случаи на особено успешна интеграција во германското општество, би требале да бидат доволни само три години, пренесува SEEbiz.eu.