НовостиСветот на работникот

Дипломите нема да бидат доволни? Трендови на пазарот на труд

   Време за читање 3 минути

Како ќе изгледа пазарот на труд во 2023? Тоа е прашањето кое сите вработени си го поставуваат овие денови, било да се работодавачите кои настојуваат да го одржат својот бизнис, било работниците кои се плашат да не останат без приход и сигурна работа.

Ситуацијата во деловниот свет во последните две до три години рапидно се трансформираат, а трендовите кои ги воочивме за време на пандемијата во 2020 година, продолжуваат, само со посилно темпо.

За таа цел, се прават и бројна истражувања.

Компанијата Епсон истражила кои трендови ќе го обликуваат работното опкружување во 2030 година и како компаниите можат да се подготват за идните промени, а овие промени би можеле да бидат значајни за сите.

Автоматизација

Накратко, се што може да биде автоматизирано – ќе биде автоматизирано. Тоа е една од клучните деловни пораки за оваа година, а подразбира физичка автоматизација со помош на SCARA роботите кои се бават со производство и монтажа, како и виртуелна автоматизација со помош на софтверските роботи за управување со канцелариските задачи кои се повторуваат.

Соработка

Ова можеби звучи како нешто што се „подразбира“, но факт е дека потребно е да се обноват и засилат односите меѓу луѓето. Тука најпрво се мисли на долгиот период на карантин, кога луѓето работеле од дома и прилично се изолирале и одвикнале од работата „лице во лице“. Истражувањето покажува дека во иднина најважни ќе бидат идеите. Освен тоа, хибридните состаноци во овој момент имаат клучна улога во создавањето на простор за соработка.

Одржливост

Тема која денес тешко е да се заобиколи се однесува токму на т.н. „зелените“, одржливи решенија и еколошките прашања, во време кога светските влади и компании планираат максимално да го намалат вниманието на СО2. Се смета дека одржливоста треба да биде во срцето на работењето оваа година и наредните години, бидејќи ресурсите кои ги црпиме се лимитирани. Под одржливост се смета дека компаниите треба да бидат одговорни кон заедниците и поединците, наместо само да го гледаат својот профит.

Усовршување

Работното опкружување донекаде е подготвено да се адаптира на промените кои со себе ги носат автоматизацијата и дигитализацијата и исто така потребно е да се направи прилагодување на растот на потполно новите индустрии, вештини и иновации. За сето тоа, неопходно е континуирано учење и наградување на знаењето, што значи дека дипломите кои сте ги стекнале одамна најверојатно нема да бидат доволни.

Накратко, новата работна сила која е образована за податоците и кои ќе умеат да управува со роботи, односно да работи во согласност со принципите на вештачката интелигенција.

Извор: Telegraf.biznis.rs

Фото: Shutterstock