ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Здравствените работници имаат највисоки плати во Словенија – меѓу 50-те рекордери само двајца не се лекари

   Време за читање 1 минута

Здравствените работници имаат највисоки плати во јавниот сектор во Словенија, за што говори податокот дека во последните неколку месеци меѓу 50-те рекордери по висина на платите, 48 од нив биле лекари, пренесува словенечкиот портал 24 ед.

Платите на лекаритекои се најдоа на листата се 10.815 евра бруто, а највисоката плата што ја земал лекар во Клиничкиот центар во Љубљана изнесува 15.091 евро.

На листата се најдоа 15 лекари од Клиничкиот центар во Љубљана, двајца од Клиничкиот центар во Марибор, а меѓу рекордерите се и многу вработени во здравствените домови и болниците.

Само две лица на списокот се занимаваат со други професии.

Интересно е што на врвот на листата се докторите вработени во болницата во Птуј и Здравствениот дом „Адолф Дролц“ во Марибор, кои добиваат 14.852 евра месечно.

Последен на листата е доктор во болницата во Птуј со плата од 10.815 евра.

Како што се наведува, станува збор само за највисоките лекарски плати, а не за платите на специјалистите, младите лекари, без податоци дали во платите влегуваат и дежурствата.

Инаку, во среда во Словенија е најавен штрајк на лекарите и стоматолози кои бараат повисоки плати и подобри услови за работа.