НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Новинарите од „Њујорк Тајмс“ излегоа на протест поради незадоволителни работни услови

   Време за читање помалку од минута

За прв пат во 40 години, над илјада вработени во американскиот дневен весник „Њујорк Тајмс“ излегоа на 24 часовен штрајк, јавува „Euronews“. Протестот се случи откако новинарите и останатите вработени во медиумот не ги постигнаа барањата кон компанијата за своите работни договори.

Од Синдикатот на медиумски професионалци во Њујорк велат дека клучната проблематика зад протестот е одбивањето на менаџментот да ги покачи платите имајќи ја предвид растечката инфлација.

„Други проблеми и се одбиените барања за здравствено и пензиско осигурување, како и одлуките за враќање во канцелариите по пандемијата од Ковид-19“, додаваат од таму.

Од март 2021 година, новинарите на познатиот весник немаат потпишано работни договори, а членовите на синдикатот сметаат дека надредените волно и непотребно го одложуваат потпишувањето.