НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Продукциските работници во САД добија нови договори – избегнат огромен штрајк

   Време за читање 1 минута

Синдикално организираните продукциски работници во САД, потпишале нови договори, со што се отстрани заканата за штрајк кој можеше да ги клекне продукциите на колена, пишува CNN

Договорот ги покрива сите работни места кои не се во делот на актерството и режијата, а кои се од витална важност за филмовите, телевизиските серии и стриминг програмите. Доколу 63- те илијади синдикални членови кои се покриени со договорот, влегле во штрајк, тој би бил најголемиот во приватниот сектор, од 2007 година. 

Договорите исполниле многу од барањата на Меѓународната Алијанса на театарско – сценски работници (ИАТСЕ). Сепак, имало и доста контрааргументи, па договорите за малку ќе биле одбиени. 

Иако во договорот биле вклучени економските проблеми, како значајно зголемување на платите на ниско платените синдикални членови, многу од промените на кои се согласил менаџментот се однесувале и на квалитетот на животот, како паузи за јадење, загарантирано време за одмор помеѓу смени и одмор преку викенд. 

Гласењето кое се одвивало во изминатите неколку недели, резултирало со тоа 50,3 % од членовите на ИАТСЕ да се за, а 49,7 % против договорот.