НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Рафинерија во САД ги повлекла синдикално организираните работници непосредно пред реализирање на ШТРАЈКОТ

   Време за читање 1 минута

Работниците кои се синдикално организирани во рафинеријата за нафта „Chevron Corp“ (Сан Франциско, САД) биле заменети со работници кои не се членови на синдикатот, пред да започнат со планираниот штрајк во рафинеријата која произведува нафта повеќе од 40 години, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 500 членови на синдикатот „United Steelworkers“, биле повлечени од рафинеријата вчера напладне и замените со работници кои не се членови на синдикатот. Не се планираат нови преговори, рече Б.К Вајт, потпретседател на синдикатот во интервју за локален медиум.

Постоечкиот Колективен договор во оваа рафинерија истекол во февруари оваа година. Напорите да се постигне нов, не вродуваат со плот. Синдикатот на двапати ги одби понудите на компанијата.

„Барањата на синдикатот го надминаа она што компанијата смета дека е разумно и не го испочитува тоа што беше договорено како национална шема за склучување на нов Колективен договор“, рече Тајлер Крузич, портпарол на Шеврон.

Тој истакна дека Шеврон е посветен кон продолжување на преговорите и за постигнување на договор и дека презел чекори за продолжување на работните активности во рафинеријата.

Последниот голем штрајк којшто се случил во оваа рафинерија бил во 1980, како дел од штрајковите на национално ниво. Инаку, фабриката произведува 245,000 барели нафта, бензин и керозин.