НовостиПравдаСветСветот на работникот

Решенија за неплатен принуден одмор добиле 5,305 невакцинирани здравствени работници од Грција

   Време за читање 1 минута

Решенија за принуден, неплатен одмор досега добиле 5.305 невакцинирани вработени во здравството во Грција, соопшти алтернативната министерка за здравство Мина Гага, јави дописничката на МИА од Атина.

-Во болниците лекарите се 2,1 отсто, односно 447 од вкупно 21.000, од медицинските сестра се 2.700 од вкупно 40.000, а од административниот персонал се 879 од вкупно 11.960 вработени, рече Гага.

Дополнително, објасни дека доделени се решенија на 5,8 отсто од вкупниот број вработени и потенцираше процентот не е голем, а тие се во континуиран контакт со сите болници, за да се решат евентуалните проблеми со недостиг на персонал.

Од 1 септември вакцинацијата е задолжителна за здравствените работници и сите вработени во државните и приватните болници, а во спротивно доколку не се вакцинираат ќе бидат на принуден, неплатен одмор на неодредено време.

Министерството за здравство на Грција, достави амандман, што веќе е изгласан од Парламентот, со кој им се дава можност на невакцинираните здравствени работници регуларно да се вратат на работа доколку ја примат првата доза и со предуслов да ја завршат имунизацијата, наспроти претходната одлука што не им гарантираше враќање на истата позиција, во случај на вакцинација по 1 септември и добивање решение за принуден неплатен одмор.