НовостиПравдаСветСветот на работникот

Џавид: Вработените во домовите за стари лица ако не се вакцинираат да си најдат друга работа

   Време за читање 1 минута

Вработените во домовите за стари и изнемоштени лица кои не се подготвени да се вакцинираат против Ковид-19 треба „да си отидат и да најдат друга работа, изјави денеска британскиот министер за здравство Саџид Џавид.

Тој ги отфрли барањата на домовите за привремено суспендирање на одлуката за задолжителна вакцинација на вработените во англиските домови поради можноста некои домови да не можат да функционираат доколку останат без дел од работниците.

Надра Ахмед, претседателка на Националната асоцијација за нега, побара од Владата да се врати 11 ноември како краен рок до кога вработените треба да добијат две дози од вакцината.

Меѓутоа, Џавид рече дека оние кои не се подготвени да се вакцинираат не треба да работат во домови за стари и изнемоштени лица.

– Ако работите во дом за стари и изнемоштени лица, тогаш работите со некои од најранливите луѓе во нашата земја. Ако не сте подготвени да се вакцинирате, одете и најдете друга работа, рече Џавид за Би-Би-Си радио 4.

Моментално во британските домови за стари лица целосно вакцинирани се 86 проценти од персоналот.
 
– Ние не сме против вакцините, само велиме дека ни треба повеќе време, рече Ахмед.