ПравдаСветот на работникот

1 милион луѓе на улиците во Чиле, бараат промена на Владата

1 милион луѓе на улиците во Чиле - Работник
202views

Повеќе од еден милион луѓе учествуваа во вчерашните протести барајќи оставка од Претседателот на Чиле, Себстијан Пинера. Националните протести продолжуваат и покрај владините отстапки и полицискиот час.

Демонстрантите ги зазедоа улиците на главниот град, бидејќи Владата се обиде да ги сопре немирите.

Демонстрантите маршираа преку големите авении во Сантијаго, па се до централниот плоштад на главниот град. Овој марш беше прогласен за најголемиот во Чиле против Владата на Претседателот Пинера. Претходно, возачи на камиони и неколку транспортни работници штрајкуваа низ Сантијаго.

„Чиле доживува историски ден, денеска. Централниот регионо на Сантијаго е протагонистот на мирниот марш на некаде околу 1 милион луѓе кои го претставуваат сонот за ново Чиле“, напиша градоначалничката на Сантијаго, Карла Рубилар на нејзиниот Твитер профил.

 

Извор: ДВ