Занимливости

10 Нетфликс серии во периодот на самоизолација (видео)

136views

Земете пуканки или некое јаболко, покријте се со ќебенце, одмарајте и уживајте во седењето дома со некоја од овие одлични серии:

1. The Good Place

Една од сериите на Нетфликс која мора да ја погледне секој. На интересен и лесен начин претставува огромни концепти како етика, подобрување на човештвото и што после смртта. Вам ви останува колку длабоко ќе навлезете во овие тематики, ќе ве натера да размислите, ќе ве насмее и забавува.

2. LOVE DEATH + ROBOTS

Анимирана серија во која секоја епизода е посебна приказна од нови артисти и со различен начин на анимација (2Д, 3Д,…), она што ги поврзува сите епизоди е тоа што секоја епизода е некако поврзана со љубовта, смртта и роботите. Приказните најчесто се случуваат во иднината во себе носат некој нов интересен концепт кој ќе ве вчудоневиди и ќе ве натера да размислувате. Серијата е одбележана за лица над 16 години поради одредени експлицитни анимирани сцени.

3. Sex Education

Една од најгледаните серии на Нетфликс во 2019тата година. Самиот наслов прилично опишува за што се работи, но оваа серија е многу повеќе од тоа. Ги проучува врските помеѓу тинејџерите, маките на себе-пронаоѓањето, желбата да им се допаднеме на другите, агресијата, љубовта и уште многу други проблеми со кои се соочуваат младите.

4. YOU

Серија што не се прераскажува затоа што е полна со многу непредвидливи моменти кои треба сами да ги откриете. Еден од најдобрите прикази на опасностите на кои сме изложени преку социјалните медиуми и споделувањето на приватни информации.

5. Elite

Тинејџерска приказна која се одвива во елитно средно училиште во Шпанија. Уште на почетокот дознаваме дека во училиштето се случило убисто, по што полека полека се одмотува клопчето за тоа што точно се случува, а во меѓувреме ги запознаваме сите ликови кои имале удел во оваа приказна.

 

Реални шоуа:

6. The Circle

Социјален експеримент за однесувањето на луѓето во онлајн просторот. Учесниците се натпреваруваат кој ќе биде најпопуларен во групата целосно базирајќи се на фотографии и текстуални разговори. Дефинитивно интересно да се видат меѓусебните односи, разговори и размислувања позади напишаните пораки. А како и во вистинскиот живот понекогаш и овде човекот со кого разговараш не е човекот на објавената слика.

7. Love is Blind

Дали љубовта е навистина слепа? Уште еден социјален експеримент во кој учесниците треба да ја одберат личноста со која ќе стапат во брак, базирајќи се само на меѓусебните разговори преку ѕид, без предходно да видат како изгледаат.

8. Rhythm + Flow Feat. Cardi B, Chance the Rapper, and TIP

Идол за рапери. Одлична серија во која познати рапери ја бараат следната голема ѕвезда. Spoiler alert: ја пронајдоа!

9. Selling Sunset

Бегство од реалноста со група брокери за недвижнини кои продаваат елитни луксузни куќи во Холивуд.

10. 100 Humans

Серија од различни експерименти чија цел е да откријат животни прашања во врска со однесувањето и размислувањето на луѓето. Што е мит, а што вистина?

Извор: Мета