10 острови за работа на далечина: На еден нив дневно трошокот е 1,023 денари

Многумина од оние кои работеле на далечина, повеќе не сакаат да се вратат на „старо“.

Велика Британија моментално ја тестира работната недела од 4 дена, а вработените вклучени во овој пилот проект велат дека позитивните ефекти од продолжениот викенд се одразуваат на нив – посреќни се, попродуктивни и поздрави.

Поради тоа, ако секторот во кој работите ви го дозволува тоа, не е лошо да се обидете да работите на далечина. Блумберг предлага популарни карипски дестинации како што се Курсао, Аруба и Јамајка, познати по своите одлични плажи.

Тие воедно се и тропски острови кои ги нудат некои од најдобрите животни услови и понуди, за парите кои дигиталните номади треба да ги издвојат, за да живеат таму некое време.

Листата на најпопуларни острови за дигиталните номади ја направила софтверската компанија Зенефитс, посветена на областа на човечките ресурси. Поточно, листата се состои од 50 острови, на основа на седум критериуми: население, просечна температура, брзина на интеренетот, цена на сместувањето, просечниот дневен буџет и пристапноста до островот (од САД) и „работи кои треба да се направат и видат“.

Холандско – карипскиот остров Курсао го зазел првото место на листата на 10 најдобри за работа на далечина, со пријатна просечна температура во годината и брзина на Вајфај мрежата над американскиот просек. Покрај тоа, тука се и недопрените плажи кои се скриени во заливите, како и националниот парк каде туристите можат да гледаат како желките полагаат јајца.

Тајландскиот Ко Па Нган е уште една идеална локација за работа на далечина и треба да се истакне дека тика своето место го пронашол и велнес резортот The Sanctuary, изграден во 1991 година. На овој остров, туристите во просек дневно трошат 17 долари (1023 денари), не земјќи го во предвид сместувањето.

На трето место е Фернандо де Нороња (Бразил), потоа Велигденскиот остров, оддалечено 3,600 километри западно од Чиле, потоа Аруба, Света Луција, Голем Кајман, Мал Кајман, Мореа (познат и како Магичен остров) и на крајот, Јамајка.

Како што работата на далечина станува норма, а компаниите нудат пофлексибилни работни услови, работните сега повеќе од некогаш сакаат да се упатат во странство поради промена на средината. Како одговор на тоа, некои земји усвоиле различни мерки за привлекување на оваа група на работници.

На пример, Индонезија размислува да воведе специјална виза за работниците на далечина, а Тајланд нуди даночни олеснувања за оние кои сакаат да работат таму на подолго време.

Telegraf Biznis,rs

Foto: shutterstock.com