- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаука

10 Откритија во 2020 за животот во вселената.

10 Откритија во 2020 за животот во вселената.
237views

Потрагата за живот надвор до Земјата трае со децении, ако не и стотици години, но досега без успех. Сепак, некои научни и други откритија оваа година можеби не приближија до вистината за можноста за постоење на вонземски живот во вселената.

Сигнали од правецот на звездата Проксима Кентаури

Научниците неодамна идентификуваа мистериозен зрак од правецот на звездата најблиску до Сончевиот систем. Сигнал од околината на звездата Проксима Кентаури е емитуван во електромагнетниот спектар на фрекфенции од 980 мегахерци. Сигналот необјасниво се менувал за време на емитувањето, а промената била во обилик на движењето на планетата. Проксима Кентаури е оддалечена само 4.2 светлосни години и се состои од звезди и една каменита планета поголема 17 проценти од Земјата.

Дали првите вонземјани се бактерии?

Астробиолозите во септември објавија дека има потенцијални докази за живот во горните слоеви на облаците на Венера. Тие посочија на присуство на фосфин во тие облаци, а тој гас на Земјата е секогаш поврзан со форми на живот. Научниците претпоставуваат дека тој живот на Венера може да бидат бактерии. Тие се во состојба да преживеат во облаците на Венера со сулфурна киселина, кои по температурата и притисокот се слични со условите на Земјата, но под нив се наоѓа пеколната површина на Венера.

Дали Оумуамуа-та е од вонземско потекло?

Оумуамуа – тело кое лета низ вселената, а некои научници тврдат дека е во прашање вонземска сонда. Пред две години научниците приметиле објект во обилик на цигара кој лебди низ Сончевиот систем и го нарекле Оумуамуа. Преовладувачка теорија е дека се работи за комета, но поблиските набљлудувања отриле дека овој објект ја менува брзината, како нешто да го забрзува.

Објавени тајни видеа од NLO

Американската армија објави видео со неидентификувани летечки објекти со цел да ги потврди инцидентите што се случиле во 2004 и во 2015 година.

Имено, станува збор за видео снимки кои ги направиле пилотите на американските морнарици и на кои се гледаат непознати летечки објекти. Тврдењето дека би можело да се работи за вонземјани, ги подгреа поранешниот директор на ЦИА Џон Бренан, кој искоментира ,,малку е дрско и арогантно од нас да веруваме дека никаде на целиот свет не постои друг облик на живот’’ но додаде дека тоа можеби не одговара на идеата на она што нужно го сметаме за ,,живот”, туку дека можеби се работи за феномен кој сеуште не го разбираме.

Постојат повеќе океани во универзумот од колку што мислиме

Планетите кои имаат океани, односно значителни количини вода на или под нејзината површина, се многу почести во универзумот, од колку што мислиме. Вода има и во нашиот Сончев систем, не само на Земјата, па така вода беше пронајдена и на Јупитер.

Научниците, испитувајќи 53 планети надвор од нашиот Сончев систем, кои во големина се слични Земјата, утврдиле дека дури една четвртина од нив има вода.

Бубачките дишат водород – можеби и вонземјаните можат да го прават тоа

Огромно мнозинство на живи суштества на Земјата не можат да преживеат без да вдишат кислород, но во космосот кислородот го нема многу. Се проценува дека кислородот прави само 0,1 од вкупната маса на универзумот, во која доминираат водород со 92 проценти и хелиум со 7 проценти. Сепак, во мај годинава, научниците утврдија дека познатата бакетрија Ехеришија коли, квасецот и едноклеточната габа, можат да опстанат и без кислород. Во средина составена само од водород и хелиум, тие успеале да растат, но побавно отколку со кислород, па научниците сметаат дека тоа може да укаже дека некаде има живот без кислород.

Живот околку црните дупки

Научниците тврдат дека црните дупки во вселената не мора да проголтуваат сè што се наоѓа во нивна близина, туку планетите околу нив може да создадат стабилни орбити.

Можеби вонземјаните нè бараат!?

Една од целите на многу научници е да бараат вонземјани, но можеби и тие не бараат нас. Во октомври, научниците направиле каталог со повеќе од 1.000 блиски звезди, од чии планетарни системи цивилизацијата може да го набудува животот на Земјата.

Повеќето вонземјани се веројатно веќе мртви

Новата научна студија на НАСА и Институтот за технологија во Калифорнија укажува на тоа дека оптималната временска рамка за развој на вонземски цивилизации е околу 8 милијарди години по формирањето на Млечниот Пат и дека ваквите цивилизации се повеќе од веројатно веќе самоуништени. Значи, долго пред потеклото на животот на Земјата.

Можеби не ги наоѓаме затоа што се бараме себеси

Научниците веруваат дека една од најголемите пречки во потрагата по вонземски живот е тоа што ние се бараме себеси, односно форма на живот што личи на нашиот. Сепак, животот на другите планети може да има сосема поинаква форма од оној на Земјата, па сега антрополозите сугерираат дека потрагата не само што треба да бара вонземски живот само на овој начин, туку и да отвора други можности.

Извор: zanimljivostidana.com