- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

100 милиони работници ќе мораат да бараат друго занимање

100 милиони работници - Работник
210views

Коронавирусот покрај тоа што остави обемни здравствени последици, не ја поштеди ниту економијата, а ни самиот пазар на труд. Не само што предизвика бројни отпуштања ширум светот, туку и поттикна промени во светот на работата, со тоа што го смени начинот на работа (многумина вработени се пренасочија на работа од далечина), од една страна, додека од друга страна, предизвика забрзување на автоматизацијата на работните места.

За ова говорат податоците дека околу 100 милиони работници во западните економии ќе бидат приудени да се преквалификуваат, за да можат да се вработат, бидејќи наскоро можеби нема да има потреба за нивните досегашни вештини.

Коронавирусот го преобликува европскиот пазар на труд и мотивира дел од работниците да го променат своето занимање, поради тоа што знак прашалник е дали нивната стручност и знаење ќе бидат потребни во иднина, пишува Ројтерс.

Европскиот модел на праќање на работници на принудно отсуство додеак траат рестрикциите за сузбивање на коронавирусот, резултирал со помал број на невработени, за разлика од моделот во САД, каде што работниците се отпуштаат од работа, им се дава надоместок од страна на државата, а кога ќе помине кризата, се враќаат на своите работни места. Сепак, дел од европските работници, се плашат што ќе биде по повторното отворање на економиите.

Процената на консултанстска компанија Меккинси зборува дека во разиените економии околу 100 милиони во развиените земји, ќе бидат приудени да го сменат своето занимање во наредните 10 години, што е за 25 % поголема бројка од првичните проценки пред пандемијата предизвикана од Ковид -19.

Прдизвик претставува и зголемената автоматизација и користењето на интернетот за работа, што значи дека работниците ќе треба да ги унапредат своите постоечки информатички вештини со брзина која во минатот не забележана, пренесува Пословни дневник.

Во тој контекст, во поголема предност се вработените, бидејќи имаат пристап кон интерени едукации внатре во компаниите во коишто работат. Чешката конфедерација на работодавачи и бизнис здруженијата очекува дека бројот на запишани на курсевите за преквалификација само оваа година ќе скокнеза 10 пати. 

„Потребата за преквалификација ќе расте бидејќи пандемијата ја забрзува потребата на компниите за прилагодување“, појаснува Јан Виснер, претседател на тоа здружение. Послабо образованите работнии кои работат во секторите кои се особено погодени од пандемијата, како угостителството, често не се претерано застапени меѓу оние кои сакаат да се преквалификуваат, нагласува Барбара Герстенбергер, директорка на одделението за труд во даблинската органиација Еурофаунд која се бави со подобрување на животните и работните услови во Европската унија. 

Поради таа причина, младите и жените значајно повеќе ќе го почувствуваат негативното влијание на промените на пазарот на трудот, додава Герстенбенгер. 

„Додавањето на нови вештини и преквалификации е исклучиво на нив, а тоа ќе води до долгорочни последици“, смета таа. Економски гледано, многу работи се на коцка. 

Имено, државата која ќе биде во можност подобро да управува со оваа промена, би можела да се стекне со конкурентна предност над останатите. 

Енко Вебер, експерт за пазарот на трудот во германскиот тинк – тенк ИАБ оценува дека најголемата европска економија во релативно добра состојба ќе излезе од корона кризата. Најмногу поради веќе користениот систем на дополнително образование и стручно оспособување и разработениот модел на обуки внатре во компаниите. 

„Меѓутоа, тоа функционира ако компаниите не пропаднат и имаат јасен поглед каде оди нивното работење. Ако компанијата падне во проблеми, една од првите работи кои ќе ги намали ќе бидат стручно оспособените“, истакнува Вебер. 

Истражувањето на ИАБ кое е спроведено минатата година покажало дека само 5 % ид работниците на принудно отсуство во Германија се дел од некоја програма за преквалификација или стручно оспособување. 

Тоа сугерира дека поголемиот дел од компаниите сметаат дека можат да настават со досегашниот модел на работа кога ќе помине кризата, оценуваат од ИАБ.

Дури и пред ковид кризата, Европа заостанувала во дигиталната економија. Извештајот на Европскиот суд на ревизизори објавен во февруари покажал дека третина од работната сила во ЕУ нема ни основни вештини во ова подрачје. Брисел се надева дека тој дефицит ќе го ублажи со парите од фондот за опоравување вреден 750 милијарди евра.

Основан со цел да генерира додатни два процентни поени во економскиот раст во еврозоната до 2026, еден од амбициозните цели на фондот е и 120 милиони возрасни Европјани годишно да одат на некој облик на целоживотно образование.