- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

100,000 работници штрајкуваат во САД: По две децении, Синдикалното организирање доживува раст

100,000 работници - Работник
1.32Kviews

Повеќе од 100,000 американски работници ќе штрајкуваат или пак се заканиле дека ќе штрајкуваат во октомври, што е последица на бранот на индустриски акции наречен „Штрајкувачки октомври“ кој ќе ја погоди Америка, пренесува BBC. 

Вчера, 10,000 вработени во компанијата за производство на опрема за фарми „Џон Дир“, штрајкувале поради платите и работните услови. 

Околу 60,000 вработени во телевизиските и филмските продукции најавиле дека ќе штрајкуваат во понеделник, додека 24,000 медицински сестри најавуваат можен штрајк. 

Штрајквите се должат на тоа што е порасната активноста на синдикалното делување, по декади на стагнација, но и поради тоа што пандемијата извади доста проблеми на површина, па тоа дополнително ги мотивира работниците да побраат подобри работнички права. 

Работодавачите се ставени во неповолна ситуација, од причина што има недостиг на кадар. Ситуацијата ги натера да ги зголемат платите и на најниско платените работници. 

Илјадници други работници веќе штрајкувале во текот на месецов, вклучувајќи 700 медицински сестри во Масачусетс, 2,000 вработени во болница во Њујорк и 1,400 вработени во фабриката „Келог“ во Мичиген, Небраска, Пенсилванија и Тенеси. 

6,500 предавачи во Калифорнија исто така најавуваат штрајкови. 

Вчера, Конгресменката од Демократската партија Александрија Оцасио Кортез ги поддржа штрајковите преку нејзиниот Твитер профил. Нејзиниот пост стана вирален на социјалната мрежа. 

10,000 вработени во компанијата „Deer & Company“ кои во главно работат во Ајова и Илинои вчера го искажале својот ревлот преку штрајк, кој е еден од најголемите во САД од 2019 година.

Го одбиле новиот договор, за кои рекле дека недоволно им ги зголемува платите и ги ослабнува правата на пензија. Компанијата рекла дека е одлучна да склучи договор кој ќе „го постави секој вработен во подобра економска позиција“. 

Дополнително, повеќе од 24,000 медицински сестри и други здравствени работници во Калифорнија и Орегон во понеделникот одлучиле да излезат на штрајк, откако преговорите за платите со приватната групација на болници „Kaiser Permanente“ наишле на ќор сокак. 

Покрај дугите барања, тие сакаат зголемување на платите на годишно ниво од 4 % и подолги паузи за да се справат со брноут синдромот кој го предизвикал пандемијата. Групацијата се надева дека проблемот ќе го реши без големи последици. 

 

Во меѓувреме, голем број на американски телевизиски и филмски студија ќе запрат со работа во понеделник, бидејќи 60,000 вработени во истите ќе влезат во штрајк, којшто ќе биде еден од најголемите во Холивуд од Втората Светска Војна. 

Нивниот синдикат – Меѓународната алијанса на театарски и сценски работници ги обвинува холивудските гиганти, како Warner Bros и Netflix, за тоа дека на вработените не им овозможуваат пристојни паузи. Вработените секојдневно работат по 12 часа, често без пауза за јадење, велат од синдикатот. 

Алијансата на филмски и телевизски продуценти (која ги претставува големите медиски компании) вели дека продолжува „да преговара со надеж за добар исход“. 

Ричард Бенсингер, организатор во синдикатот Работниците Обединети, рекол дека бранот на штрајови потсетува на тој од 1930 -те години, кога индустриските акции биле чести во САД.

„Слично и тогаш, поделбата на капиталот помеѓу богатите и работничката класа стана нетолерантна“, рекол тој за BBC. „Лошите стандарди во кои живеат работници со декади не се одржливи“. 

Но, Гери Буртлес од Институтот Брукингс смета дека треба во предив да се земе и влијанието на штрајковите. 

„Пропорцијата на американска работна сила која е дел од синдикатите е се уште мала. Бројот на работни изгубени, како резултат на штрајковите е сличен на историски најнискиот во 2002 година“, вели тој. 

„Про – синдикален Претседател“

About a third of all US workers were in a union in the late 1960s, but that has declined over the decades because of anti-union laws and corporate crackdowns on organising.

Речиси третина од сите американски работници биле членови на синдикати во доцните 1960 -ти, но нивната бројка опадна поради анти – синдикалните закони и корпорациските забрани за организирање на работници. 

Сепак во 2020 година, стапката на членството во синдикатите забележа зголемува на 10,8 %. Галуп проценил дека 65 % од Американците ги поддржуваат синдикатите, што е најголема бројка после две декади.

Сето ова се поклопи со големиот број на штрајкови во последните 18 месеци, но и со преземените дејствија за формирање на синдикати од страна на вработените во Амазон во Њујорк и кураторите во музеите. Исто така, имало и неколку месечени штрајкови од страна на рударите за јаглен во Алабама и вработените во ограноците на гиганотот за харана „Mondelez International“.

Работниците имаат поддршка и од Претседателот на САД, Џо Бајден кој ветил дека ќе биде „најголемиот про – синдикален претседател што постоел некогаш“. Тој воедно ветил и дека Демократската партија повеќе ќе се среми кон левичарските политики. 

 

Извор: BBC

Фото: GETTY IMAGES