ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

12.000 лица за 5 месеци се евидентирани во АВРМ, како невработени поради пандемијата од Ковид-19

106views

Близу 12 илјади лица се евидентирани во АВРМ дека останале без работа од почетокот на  март до крајот на јули поради коронавирусот.

Само минатиот месец на 2.500 лица им престанал работниот ангажман.

Посредниците за работа велат, ретко кои од работодавачите бараат работници. Стравуваат дека од есен ситуацијата ќе биде уште полоша. Дел од агенциите за посредување за работа се во опасност да стават клуч на врата.

– Од почетокот на пандемијата драстично се намалени активностите на агенциите за привремени вработувања. Крајот на мај до сега има благо раздвижување, но тоа се само неколку работодавачи кои побарале кадар за своите потреби. А нема ни сигнали дека ќе биде подобра состојбата. Во угостителството е лоша таму најголем дел од вработените останаа без работа. Работата на агенциите е намалена до 70 отсто, не се исклучува можноста и некои од нив поради намалениот обем на работа да затворат, рече Раде Ненадиќ, од агенција за посредување на привремени вработувања.  

Според податоците на агенцијата  на речиси 50 проценти од  новите невработени престанкот на работниот однос настанал  поради истекот на договорот за работа  кој не им бил обновен, но има и такви кои добиле отказ од работодавачот.

Најголем дел се од преработувачката индустрија, трговијата, но и од туризмот и угостителството.

Од приливот на невработени лица речиси половина се на возраст од 30 до 49 години кои се всушности и најработноспособните, останатата половина се лица над 50 години или млади до 29 години.

Сепак од агенцијата очекуваат во следниот период околу 3.000 лица да засноваат работен однос преку мерката субвенционирање на платите, самовработување и мерката раст и развој.

Извор: Сител