- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникот

15 вработени во струмичката болница во изолaција

15 вработени во струмичката болница - Работник
120views

Повторно голема бројка на изолирани здравствени работници од струмичката болница.Вкупно 15 вработени од оваа установа од кои 10 сестри, двајца лекари и тројца болничари  се наоѓаат во изолација . Дел од нив се позитивни  на ковид 19, а еден дел морале да бидат изолирани поради контакт со позитивни лица. Сите се од различни одделенија. Директорот вели нивното отсуство се чувствува, но засега успеваат успешно да ја менаџираат работата и да одговорат на сите потреби.   Во делот на сместувањето на ковид позитивните пациенти состојбата последните два до три дена е стабилна, а бројот на лица кои имаат потреба од хоспитализација бележи благо намалување.  

Во моментов во струмичката болница има хоспитализирано 66 пациенти позитивни на ковид 19. Од нив 14 се на кислородна поддршка. Според последната статистика во регионот има регистрирано 564 активни случаи.