- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

15 години земал плата, а никогаш не се појавил на работа

15 години земал плата - Работник
206views

Маж, вработен во локалната здравствена установа во калабрискиот град Катанцаро, во Италија, примал плата 15 години, а никогаш не се појавил на работното место. 

Тој бил вработен во одделението за итни интервенции во случај на пожар и за тоа време заработил повеќе од половина милион евра. 

Advertisement

Полицијата со помош на прегледот на картицата за присуство на работа на Салваторе С., стар 66 години, утврдила дека никогаш не отишол на работата за која уредно земал плата, а за да такво нешто обезбеди, Салваторе во повеќе наврати испраќал „трето“ лице кое јасно им се заканувало на шефовите, колегите и на членовите на нивните семејства, доколку не му дозволат на Салваторе да не работи, а да зема плата, пренесува Анса. 

Деталите за случајот ги истражува обвинителството, а покрај „серискиот неработник“, како што го нарекле локалните медиуми, обвинети се уште 6 вработени во здравствената установа, вклучувајќи и двајца шефови. 

Advertisement
Advertisement

Advertisement