Правда

152 милиони деца во светот се принудени да работат

152 милиони деца во светот се принудени да работат-работик
297views

Секоe од десет деца на светот принудно работат, објави УНИЦЕФ по повод Светскиот ден против детскиот труд, што се одбележа на 12 јуни.  Според податоците, околу 152 милиони девојчиња и момчиња се принудени да работат, најмногу во Африка и Азија. Оваа бројка опаѓа од година во година, но според новиот извештај таа опаднала помалку отколку што според УНИЦЕФ се очекувало.

Всушност, во светот вкупно работат 218 милиони деца на возраст од пет до седумнаесет години, но проблемот е во тоа што детскиот труд некаде е легално уреден. Во повеќето држави може законски да се стапи во работен однос помеѓу 14 и 16 години. Не остануваат десетина милиони деца кои немаат избор и често далеку од училишните клупи, работат под тешки услови.

73 милиони деца работат во катастрофални услови,  изложени на опасност – на пример, се наоѓаат рудниците на злато во Буркина Фасо, текстилната индустрија во Бангладеш или полињата за какао и кокос.

Вкупно најмногу деца кои работат има во Африка (72 милиони) и во Азија (62 милиони) – преку 70 отсто од нив работат во земјоделството, а скоро половина од нив се под 12 години.

Како пишува УНИЦЕФ, причина број еден за експолатација на детскиот труд останува сиромаштија.